среда, јануари 25, 2006

Кои се тие "Глас на светлината"?

Стварно кои се? Нигде не слушнав ништо за нив. Се појавија од нигде, наеднаш со некои си протести, ко демек еве они за народот насекирани. Сакам да знам кои се? Колку време постојат? Што проекти изреализирале до сега? Што е поентата на нивното постоење? Кои им се идните проекти? Стварно сакам да знам.

Пробав да побарам нешто за нив на интернет, ама се што најдов е овој блог. Немаат ни веб страна! Ама изгледа дека имаат ограноци низ цела Македонија. Барем по она што го гледам на ТВ. Гооооолема организација. Ама пак ќе кажам, без веб страна.

Па кои се тие што им паднало на памет дека со затварање на неколку улици ќе ја премислат власта да не го продава ЕСМ? Процес кој е започна одамна и одеше вака:

- одлука за продажба 2000 год.
- одложување на продажба 2002 год.
- избор на модел "во една целина" февруари 2005 год.
- промена на моделот "сепродава само дистрибуција" септември 2005 год.
- објава на тендер ноември 2005 год.
( процесот е цитат од Неделно Време)
- и блокади им текна да прават јануари 2006

И сега овие ќе ги спречеле. Бог да не чува од вакви луѓе.

4 коментари:

На 1:41 претпл. , Blogger Ико рече...

Види, некој мора да проба да спречи бидејќи колку што следам, сите освен владата викаат дека не е ОК да се продава ЕСМ. Сега, начинот им е лош - можеле нешто поефектно да смислат од блокада на 5 раскрсници и 600 илјади луѓе.

П.С.
Ме имаш во линкови ама се преселив на блог.ком.мк па смени си во хтмл-то http://football.blog.com.mk/

 
На 7:49 попл. , Blogger Малечката принцеза рече...

Абе во право си дека некој мора да се потруди да се спречи продавањето, ама не мислиш дека е малку касно сега? А уште ако има стварно закашкано раце "опозицијата" тогаш им се чудам на инвентивноста.Многу очаен предизборен потег. Ме вреѓа.

П.С. Ете го сменив линкот.

 
На 2:57 попл. , Anonymous Анонимен рече...

Great work!
[url=http://rvrhgcyp.com/yfyb/fstr.html]My homepage[/url] | [url=http://oqfqdpod.com/duef/cnyk.html]Cool site[/url]

 
На 3:27 попл. , Anonymous Анонимен рече...

Nice site!
http://rvrhgcyp.com/yfyb/fstr.html | http://hrlxuxoh.com/ypjx/clqg.html

 

Објави коментар

Претплати се на Коментари на објава [Atom]

<< Дома