понеделник, мај 02, 2005

ЈСП (не)супер теткица


Некои луѓе не си го заслужуваат работното место. Пред некој ден бев да извадам месечен билет за мене и мојот дечко од билетарата на ЈСП во Градски трговски центар. Кога стигнав на ред и ги подадов двете слободни карти и парите на теткицата, која штотуку дојде на смена, а таа се сврте накај својата колешка и нервозно и рече:

- Гледај сега што ми прават, со двете ли раце да работам. Наместо да ми ги даваат една по една, они гледај што прават.
Е, не ми се веруваше. Требаше да земе две картончиња, да ги препише броевите од слободните карти и да стави печат. Е, ама тоа е многу тешко, замислете треба да ги употреби и двете раце.
Некој би работел и со двете нозе и раце, само да има каде.

3 коментари:

На 3:04 претпл. , Blogger .аНТИ рече...

Велкам ту д клаб

Издржи, не престанувај да постираш сите сме тука да те читаме и да коментираме.

ПС. И те молам стави некој збор за тебе

 
На 8:57 попл. , Blogger Бобан рече...

Требало да и кажеш фала за услугата! Пријатно! И да отидеш на некое друго место.

 
На 6:49 попл. , Blogger Малечката принцеза рече...

Пред неколку дена, на моја другарка(исто си вадела маркица, само незнам каде) чичкото не и дал фискална и она најкултурно си побарала. И на барањето добила одговор:-А, ти да не јадеш многу гомна. И другарка ми се здрвила, од што се збунила, не знаела што да му каже.

 

Објави коментар

Претплати се на Коментари на објава [Atom]

<< Дома