понеделник, мај 16, 2005

Друже Тито ми ти се кунемо, да са твога пута не скренемо


Биста на Тито. Се изнервирав кога слушнав за ова уште одамна ама еве сега седнав да пишам збор - два. Бог да чува. Немаат попаметна работа. Оние другине, демек поамбициозни "направија" крст на Водно, овие сега во недостиг на идеи биста на Тито ќе правеле. Тоа што крстон таму зјае (нели ќе имаше ресторан, па црква, па лифт...) нема врска. За инат во него нема да се инвестира. Ќе чека сирот кога овие другиве ќе се вратат на власт па да го допраат. А во меѓувреме ќе служи како јавно wc. Во оној најдолниот дел (мислам дека таму треба да има црква) уште малку и жаби ќе закрекаат од што се насобрала вода.


Туку ова бистава на Тито стварно не ја разбирам. Од кај им дојде идејава? Шо сега демек за 25 години од смртта на Тито!?
Јас знам дека има еден куп луѓе што го почитуваат и што кога ќе се спомне он стануваат носталгични по тоа време, ама дај ти се молам. Ги слушам кај Јанко во емисија коментираат: - Еeee, во времето на Тито се живееше многу убаво, имаше за сите... и слични муабети. Аманте бе луѓе.
Ете се изнервирав и неможам да се сетам што уште сакав да кажам.Нема врска доволно беше и ова внимание што го посветив на овој настан.

9 коментари:

На 2:24 попл. , Blogger .аНТИ рече...

Права си. Болната желба на луѓето по идоли и хиерархија - всушност страв од сопствената немоќ

 
На 6:38 попл. , Blogger Малечката принцеза рече...

Е, тоа е, баш немоќ.И не само тоа туку и мрзливост.
Знам ја зашто жалат за тоа време.Се научиле на 8 часа "работно" време и не е битно колку сработиле, они плата си зимале. Е сега кога дојде време да се покаже кој колку знае и колку го бива,и колку е вреден, оп не иде.Епа не иде.Нема седење и пиење кафе во канцеларија и праење празни муабети.
Е тоа ти е.

 
На 8:43 попл. , Anonymous Анонимен рече...

Бисто. Бога на сега Водно, пишамаше да црква, пишаму зботаме Тито. Тоа на нервие служи сираве кога поамбициознемо на црква допа уштон та. Немо, путат па црква. Оние па амеѓувренема Во крст кога седопрабора. Се сега црква во нели "нат напра. За го Дружи сега овијав доправ ко ми сира. Во јае изнедопран, па се крсти крскакога
Бистор - достираборат ко деи ќе се сират прат. А!

 
На 9:56 попл. , Blogger Малечката принцеза рече...

Само јас ли не го разбирам што збори овој, или и вие не го разбирате?

 
На 1:26 попл. , Blogger .аНТИ рече...

Не мислев на тоа... комунизмот беше супер - сите беа колку толку еднакви и имаше каква таква правда. Мислиш дека сега нема шупаци што ништо не работат а пак земаат плата...
А за игра4 ја све разбирам бе - чоекот вели дека За го Дружи сега овијав доправ ко ми сира. Во јае изнедопран, па се крсти крскакога

 
На 7:59 попл. , Blogger Малечката принцеза рече...

Сосема добро те разбрав.И знам колку такви тапаци има, ама искрено верувам дека со текот на времето се помалку ќе ги има.Проблемот е што такво едно вештачко општество очигледно неможе да опстане. Во природата на луѓето е да сакаат да имаат се повеќе и повеќе.Е сега или ќе си го загреат газот да работат или ќе "поткраднуваат".

 
На 3:03 попл. , Blogger Бобан рече...

ne samo ti tuku site nie ne go razbirame!

 
На 8:45 попл. , Blogger GoodBytes рече...

Немам некој кој знае каков цврст став за тоа дали треба или не треба споменик на Тито во Македонија. Не би ми пречело нешто посебно, ама не би ми ни значело нешто посебно.

За тоа на кого ПРВО треба да му се изгради споменик, пред да се завлегува во вакви нео-комунистички авантури, напишав и на мојот блог Panta Rei.

Како и да е, од аспект на нашите национални интереси, овој момент воопшто не е погоден за да привикуваме некои духови од минатото. И тоа, не ми е гајле толку што ЕУ со неверица ќе гледа на нас ако подигаме споменици на (според нивната перцепција) комунистички диктатори (овој термин за Тито го имам прочитано во една енциклопедија, Golden Book). Повеќе е страшно што со тоа ќе им одиме директно во прилог на интересите на нашите први комшии, поткрепувајќи ја нивната пропаганда (дека сме комунистичка творба, дека Тито не „измислил“ и слични глупости).

Со обзир дека лицето Б.Ц. барем досега играл многу паметни потези во своја корист, некако не ми се верува дека „идолот“ и тајмингот на неговата трула иницијатива се случајно избрани. Се прашувам, кој сега му го полни џепчето од кошулата?

 
На 12:21 попл. , Anonymous Анонимен рече...

Како можете да немате никаков почит за другарот ТИТО па ако за него не се изгради биста за кого бе маму ви јебем.Абе маму ви јебем демократска дегенерици едни.Дан сакаш за тебе да изграда биста или за љубчо а?

 

Објави коментар

Претплати се на Коментари на објава [Atom]

<< Дома