понеделник, мај 16, 2005

Друже Тито ми ти се кунемо, да са твога пута не скренемо


Биста на Тито. Се изнервирав кога слушнав за ова уште одамна ама еве сега седнав да пишам збор - два. Бог да чува. Немаат попаметна работа. Оние другине, демек поамбициозни "направија" крст на Водно, овие сега во недостиг на идеи биста на Тито ќе правеле. Тоа што крстон таму зјае (нели ќе имаше ресторан, па црква, па лифт...) нема врска. За инат во него нема да се инвестира. Ќе чека сирот кога овие другиве ќе се вратат на власт па да го допраат. А во меѓувреме ќе служи како јавно wc. Во оној најдолниот дел (мислам дека таму треба да има црква) уште малку и жаби ќе закрекаат од што се насобрала вода.


Туку ова бистава на Тито стварно не ја разбирам. Од кај им дојде идејава? Шо сега демек за 25 години од смртта на Тито!?
Јас знам дека има еден куп луѓе што го почитуваат и што кога ќе се спомне он стануваат носталгични по тоа време, ама дај ти се молам. Ги слушам кај Јанко во емисија коментираат: - Еeee, во времето на Тито се живееше многу убаво, имаше за сите... и слични муабети. Аманте бе луѓе.
Ете се изнервирав и неможам да се сетам што уште сакав да кажам.Нема врска доволно беше и ова внимание што го посветив на овој настан.

вторник, мај 10, 2005

Шопинг во Шутка


До Шутка можеш да стигнеш со кола или автобус (19-ка), а можеш и пешки, ако ти е ќејф да пешачиш.

Доколку одбереш да одиш со своја кола треба да бидеш спремен дека може да не најдеш место за паркирање (за без пари). Таму Ромите се изорганизирале и направиле parkin каде можеш да ја испаркираш колата за 10-20 денари. Ако не ти се допаѓа таа варијанта и мислиш дека во некоја спикана уличка ќе најдеш место да се испаркираш и да не платиш, се лажеш. Кај и да застанеш ќе те пречека некое Ромче и ќе ти рече: -Дај 10 денари да ти чувам колата. Најдобро ќе биде да му платиш, затоа што ако не го направиш тоа биди спремен да најдеш дупната гума или не дај боже да ти фали нешто друго од твојата кола.
Ако се одлучиш на варијантата- автубус, можеш да бираш приватен (каде карта кошта 20 денари) и државен ( каде карта кошта 30 денари во еден правец, а може и да начекаш од 08 -12 часот и повратна за 30 денари). Додека чекаш државен можеш со себе да понесеш и добра книга. Во автобус треба да знаеш дека новчаникот, а и мобилниот не треба да ти се во џеб, затоа што џепарошите кои ги има во секој автобус ќе ги почастиш. Ако пак носиш ташна добро држи ја пред себе, затоа што додека се свестиш ќе останеш само со рачките во рака. И тогаш ништо од шопинг. Во автобус башка секогаш е гужва и мораш да ги трпиш сите перверзни говеда ( ако си женско) што ќе се тријат од тебе, а ќе мораш да ја трпиш миризбата од потта и миризбата од здивовите на сите околу тебе.
Кога ќе се симнеш од автобус и ќе помислиш дека си се ослободил од џепарошите, се лажеш. Тие ќе те демнат насекаде.
Доколку го преживееш ова следи разгледувањето и пазрењето. Во Шутка можеш да купиш majci - 100 denari, tanga - 3 za 100, corapi - 5 za 100 и што уште не за 100 денари. Можеш да си купиш и кроасани за 15 денари, ама се разбира со поминат рок. А има и месо на сред тротоар, изложено на запрежна кола и покриено со церада, ама незнам по која цена.
Eпа повелете на шопинг.

понеделник, мај 09, 2005






понеделник, мај 02, 2005

ЈСП (не)супер теткица


Некои луѓе не си го заслужуваат работното место. Пред некој ден бев да извадам месечен билет за мене и мојот дечко од билетарата на ЈСП во Градски трговски центар. Кога стигнав на ред и ги подадов двете слободни карти и парите на теткицата, која штотуку дојде на смена, а таа се сврте накај својата колешка и нервозно и рече:

- Гледај сега што ми прават, со двете ли раце да работам. Наместо да ми ги даваат една по една, они гледај што прават.
Е, не ми се веруваше. Требаше да земе две картончиња, да ги препише броевите од слободните карти и да стави печат. Е, ама тоа е многу тешко, замислете треба да ги употреби и двете раце.
Некој би работел и со двете нозе и раце, само да има каде.